Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои очекува да се појават вечерва на првиот тренинг на националниот состав, во пресрет на двата контролни натпревари. За крај на фудбалсакта сезона, нашата репрезентација ќе игра со два одлични противника, екипите на Иран и Азербејџан. По натпреварите, играчите ќе одат на заслужен одмор, пред повторно да се соберат во клубовите за кои настапуваат во рамки на летните подготовки. 

Првиот тренинг ќе се одржи во комплекост на ФФМ,  а пред него репрезентативците ќе се соберат во хотелот „Гранд Плаза“. Отсуство на првиот тренинг најави само Никола Ѓорѓев, кој има натпревар со својот клуб „Грасхоперс“ на 25-ти. Тој ќе и се приклучи на репрезентацијата во Австрија, каде и ќе се играат контролните натпревари. Директно во Австрија ќе пристигнат и 6 фудбалери од младинскиот состав, кој беа повикани од страна на селекторот.

.  Дарко Велковски, Егзон Бејтулаи, Ѓоко Зајков, Бобан Николов, Давид Бабунски, Марјан Радески и Енис Барди ќе пристигнат по натпреварот против Украина, во рамки на квалификациите за Европското првенство за играчи до 21 година.

Против Украина младинците играат во петок, со почеток од 18 часот, а против Азербејџан, А селекцијата игра в недела со почеток од 17 часот.