ФФМ го предаде во употреба новиот хибриден терен на Арената „Тодор Проески“

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ги заврши активностите за поставување и одржување на новата тревна подлога на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и објектот со новиот хибриден терен денеска го предаде на употреба на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП).

Со поставувањето на хибридната трева од најновата генерација на Националната арена и со целосно нов систем за наводнување се овозможува на најголемиот стадион во државата да се одигруваат натпревари во текот на целата година, без оглед на временските услови, притоа одржувајќи ги највисоките стандарди за игра.

„Оваа инвестиција ја нагласува нашата посветеност на обезбедување највисоки услови за одигрување на репрезентативни и клупски натпревари и повторно ја враќа нашата Национална арена како врвно место за фудбал на сите нивоа. Ја изразуваме нашата благодарност до сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект, посебно на АДИССДП и со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на фудбалерите на Националната арена.“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини