Напишал коментар на Интернет со кој дискриминира - Кривична за маж од Виница

33-годишник од Виница кривично ќе се гони за напишан коментар на социјалните мрежи. 

- СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Д.(33) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 12.03.2024 по објавена вест на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и дискриминација, информираа од полицијата.