Кривична против прилепчанец, полицијата кај него пронашла 45 шишиња метадон

СВР Битола поднесе кривична пријава против 54-годишниот О.Т. од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, извести МВР.

„На 01.12.2023, полициски службеници извршиле преглед на автобус, кој сообраќал на релација Градско-Прилеп, а со кој патувал пријавениот, при што кај него пронашле и одзеле 45 шишиња метадон“, соопшти МВР.