Кривична за маж кој физички нападнал полицаец на должност

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.З.(67) од Македонски Брод и И.З.(37) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

- На 20.03.2024, пријавените агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, при што И.З. се обидел и физички да нападне еден од нив, соопштија од полицијата.