Наместо спас, нова траума: 11-годишно девојче силувано во засолниште во Косово

Мрежата на жени на Косово укажа на нов скандал во Центарот за рехабилитација, каде што беше силувано 11-годишно девојче.

„Индекс онлајн“ објави дека станува збор за девојче, кое се наоѓа во засолниште со висок степен на обезбедување, откако минатата година го силувале пет мажи.

- Мрежата на жени на Косово изрази загриженост поради институционалниот неуспех да ги заштити жртвите на родово базирано насилство во просториите на ова засолниште. Силувањето на 11-годишно девојче во засолниште со висока безбедност јасно покажува институционалниот неуспех, велат од Мрежата на жени на Косово.