За изродите кои се изживувале со 14-годишното девојче казната затвор е награда!

25-годишен велешанец во временскиот период од 09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д.С.(32) од Тетово, Д.Н.(25), Т.И.(22) и К.Т.(24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал.

Оваа вест вчера ја шокираше јавноста. Осуди за грозоморниот чин стигаат од сите страни.

-Петмина полнолетни машки лица, со месеци сексуално злоупотребувале и се изживувале врз 14-годишно девојче. За ваквите изроди од човечкиот род, казната затвор е награда!

Сите инволвирани во злоупотребата се уапсени, но јавноста е згрозена од хоророт кој го преживеало малолетното девојче. Бараат поголема инволвираност и на Амбасадите за заштита на децата, но и поригорозни казни за строителите.