Осумнаесет годишно момче од Скопје е пешакот кој вчера беше удрен од автомобил, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата информираат дека вчера во 13:30 часот на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ А.Б. (37) управувајќи патничко моторно возило „Шкода Октавија“, сопственост на МВР, удрил во пешак М.М. (18) од Скопје.

-М.М. бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“-Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје, информираат од полицијата.

Се работи на целосно расчистување на случајот.