Најмоќните зборови на Руми: Дозволете си да бидете повлечени најсилно што можете од она што навистина го сакате

Џалалудин Руми  е источен филозоф и поет кој во своите стихови ни пренесува огромни мудрости за животот.

Оние кои ги читале неговите стихови ќе се сложат дека со негова помош можеме да живееме поедноставно, исполнети со љубов и убави позитивни мисли.

Ова се некои од неговите најмоќни зборови. 

Дозволете си да бидете повлечени најсилно што можете од она што навистина го сакате.

Раните се место каде светлината влегува во нас.

Нурнете во својот внатрешен свет – таму се крие вистинско богатство“

Нашата работа не е да ја пронајдеме љубовта, туку самото барање и пронаоѓање на препреките во себе кои сме си ги поставиле против љубовта.

Носете ја благодарноста како наметка и таа секојдневно ќе го исхранува секој агол од вашиот живот.

Кога ги правиме работите со душа, се чувствуваме како радоста да тече во вас.

Бидете благодарни на тоа што доаѓа, бидејќи тоа ни е испратено како насока и со причина.

Зошто остануваме во затвор ако вратите ни се отворени?

Бегајте од сигурното, заборавете на сигурноста. Живејте онаму каде се плашите да живеете. 

Не барајте мудрост и сила надвор од себе.