Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се пофали со фотографија од роденденската торта на неговиот профил на фејсбук.
-Од денес за една година поискусен и со нови предизвици ќе стигнеме до уште поголеми успеси, објави Стефковски.
Стефковски посочи дека му е чест што може да им служи на граѓаните на на Гази Баба.
-Еден ден, делата ќе зборуваат за сите нас. Им благодарам на колегите за изненадувањето по повод мојот роденден, напиша Стефковски на фејсбук.