„Најдобар градоначалник“, првиот човек на Гази Баба се пофали со роденденската торта на фејсбук

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски се пофали со фотографија од роденденската торта на неговиот профил на фејсбук.

-Од денес за една година поискусен и со нови предизвици ќе стигнеме до уште поголеми успеси, објави Стефковски.

Стефковски посочи дека му е чест што може да им служи на граѓаните на на Гази Баба.

-Еден ден, делата ќе зборуваат за сите нас. Им благодарам на колегите за изненадувањето по повод мојот роденден, напиша Стефковски на фејсбук.