„Надвор е 40 степени, а во автобусите на ЈСП како во сауна“, се жалат скопјани

Автобускиот превоз во Скопје полека почна да ги надминува проблемите, односно приватните превозници се вратија во сообраќај, меѓутоа сè уште не се решени некои стари проблеми.

Граѓаните на социјалните мрежи се жалат дека во автобусите на ЈСП нема клима, иако надвор температурата е 40 степени.

- Не се дише во автобусите на ЈСП, надвор е 40 степени, а во возилата е како во сауна, се жали една скопјанка на Твитер.