На хаосот што се случува во Клинички центар му нема крај

Се чини дека на хаосот што се случува во Клинички центар му нема крај. Очигледно е дека и оваа влада нема решение за гужвата што се прави во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, пишува Фокус. 

Голем број автомобили тешко се движат кон болниците, а амбулантни возила се во застој, неможејќи да ја вршат својата професионална дејност.

Очигледно е дека надлежните институции ќе мора да поработат повеќе, со цел да се реши овој хаос кај болниците, а тоа да не биде на штета на граѓаните.