На бројот за итни случаи во просек по 1425 повици дневно

Во периодот од 11 февруари до 1 септември годинава на телефонскиот број 112 примени се вкупно 287.842 повици или во просек 1 425 повици дневно, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во месец февруари, како што велат од ЦУК, се примаа повици само од територијата на Скопје, и примени се 11 321 повици, а просекот беше околу 629 повици дневно.

-Од 01.03.2022 година се започна со прием на повици на 112 од цела територија на државава. Во март примени се 55 767 повици и просекот за март е 1 799 повици дневно. Во април примени се 42 100 повици или во просек 1 403 повици дневно. Во мај примени се 44 839 повици или во просек 1 446 повици дневно. Во јуни примени се 41 759 повици или во просек 1 392 повици дневно. Во  јули примени се 44 467 повици или во просек 1 434 повици дневно. Во август примени се 47 553 повици или во просек 1 534 повици дневно, информираат од ЦУК.