Се намалува бројот на часови за учениците - наставнитците добиваат повеќе одмор

Децата од 1 до 3 одделение може да имаат најмногу 4 училишни часови во текот на денот, предвидува новиот закон за основно образование кој денеска го презентира Министерството за образование и наука.

Според него, работни саботи веќе нема да има а ќе се остави простор за 5 дена помалку настава доколку за тоа се укаже потреба. Наместо досегашните минимум 180 работни денови годишно, бројката ќе се спушти на 175.
Учениците од 4 до 6 одделение ќе може да имаат неделно најмногу 25 часа, а оние од 7 до 9 одделение ќе имаат најмногу до 30 часа

Со закон ќе се регулираат и неработните денови  за наставниот кадар во текот на зимскиот распуст. Најмалку половина од деновите од распустот ќе бидат платени неработни денови, кои не се дел од годишниот одмор на наставникот.