МВР со детали за вооружениот напад во Ѓорче, едно лице е со прострелна рана

Доцна синоќа, некаде после полноќ, се случил вооружен напад во скопската населба Ѓорче Петров во кој по нападнатиот се пукало повеќе пати, а еден куршум го повредил. 

Инцидентот го потврдија и од МВР. 

- На 27.09.2023 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана. Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“. А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од полицијата.