Се огласи сопственикот на опожарената кафеана во Ѓорче

Доцна синоќа изгоре кафеаната Камин Кама на водителот на „Мерак Меана“, Трајче Толевски.

Толевски испрати порака преку социјалните мрежи и објасни дека објектот нема да биде отворен извесен период.

„Ги известуваме сите гости дека поради градежни работи предизвикани како последица од пожарот што го зафати објектот на Камин Кама, објектот нема да биде отворен за гости извесен период. За повторно отворање навремено ќе бидете известени.Ви благодариме за разбирањето“, напиша водителот на Сител ТВ.