Муцунски и делегација на ВМРО-ДПМНЕ положија цвеќе на гробот на Делчев

Денеска се одбележуваат 120 години од смртта на Гоце Делчев. По тој повод Тимчо Муцунски заедно со партиската делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хриситјан Мицкоски положија цвеќе во црквата Св. Спас, вечното почивалиште на македонскиот херој.

-Оддадовме почит на човекот кој е симбол на револуционерната борба и еден од најзаслужните за македонскиот идентитет, самостојност и државност. Гоце Делчев е идеолог, организатор и водач на организацијата, кој со својата храброст, прагматичност и одлучност даде значаен придонес кон остварување на вековниот сон за слобода и независност. Вечна слава!, порача Муцунски. 

„Труд и постојанство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива“. Ова е еден од цитатите на великанот Гоце Делчев, апостол на револуционерната борба и еден од најистакнатите борци за независна и слободна Македонија.