Му се заканил со нож на вработениот на бензинска и украл пари: Уапсен млад скопјанец

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Чаир, вчера, извршиле службен разговор со А. А. (30) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 8.10.2023 со закана со нож кон вработен на бензинска пумпа во Скопје одзел пари.

Во службениот разговор тој го признал делото.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното јавно обвинителство.