Приведен разбојник од Скопје

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје привеле 16-годишен малолетник.

- За него постои основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид на 28.08.2023 околу 20.30 часот кога во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди, соопшти МВР.

 Против малолетникот е поднесена кривична пријава по брза постапка до ОЈО Скопје.