Мотоциклист тешко повреден во Центар

Скопјанецот Н.К.(39) се здобил со тешки повреди возејќи мотор, вчера вечерта.

Од полицијата информираат дека околу 20,00 часот на крстосница со улица “Димитрие Чуповски” и улица “Мито Хаџивасилев Јасмин”  управувувајќи мопед “Кимико Агилити” со скопски регистарски ознаки, Н.К. изгубил контрола над мопедот и паднал на коловоз.

-По незгодата Н.К. бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.