Мотоциклист е тешко повреден по судир со „бмв“ со дипломатски регистарски таблички

Мотоциклист од Скопје е тешко повреден по судир со „бмв“ со дипломатски регистарски таблички. 

На 07.09.2023 во 18.30 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Рилски Конгрес“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Ц.(54) од Скопје и патничко возило „бмв“ со дипломатски регистарски таблички, управувано И.И.(51) од Р. Украина.

Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.