Млад возач бил зад воланот - МВР со детали за сообраќајката во која настада малолетничка во Аеродром

МВР со детали за сообраќајката во која вчера настрада малолетничка. 

Како што соопшти полицијата, на 07.12.2023 во 16.20 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Србија“, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Л.(28) од Скопје удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки тeлесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, додаваат од МВР.