Миладиновци доби нов Дом на културата

Општина Илинден продолжува со реализација на капиталниот проект за изградба на домови на културата во сите 12 населени места на територијата на општината. 

Последно, изграден е нов Дом на културата во населеното место Миладиновци кој е со површина од 360 метри квадратни. Со тоа се создадоа услови за непречено функционирање на граѓанските здруженија, одржување на културни настани, предавања, работилници, трибини, конференции и слично. 

Свои простории во новоотворениот Дом на културата кој го носи името „Браќа Миладиновци“, добија локалната месна заедница, Здружението на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“, но и членовите на пензионерскиот клуб „Миладиновци“. Покрај Домот на културата, општината им обезбеди и простории со вкупна површина од 120 квадратни метри за пензионерите од Здружението на пензионери од Општина Илинден кое брои близу 2 000 членови. Истите простории ќе ги користи и локалниот клуб на пензионери од населба Илинден. 

На територијата на општината во моментов функционираат 5 пензионерски клубови и тоа Илинден, Марино, Кадино, Бујковци и Миладиновци. Проектот е во насока создавање подобри услови за сите жители на Општината. 

new nike air max 2019