Денес камен темелник за новата инвестиција во Илинден

Камен темелник за новата инвестиција на компанијата „Еко Клуб“, денес ќе биде поставен во економската зона „Скопски комплекс Илинден“. Унгарскиот производител од денес ќе го гради својот прв логистички центар во Македонија.

 Се очекува инвестицијата вредна 1,5 милиони евра да отвори нови 80 работни места. Како што информира Општина Илинден, комплексот ќе биде готов кон втората половина на 2017-ма година.