Мицотакис како тужи баба, се жалел во ЕС дека сме го прекршиле договорот од Преспа

Премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис вчера ги информирал неговите колеги дека претседателката и премиерот на Северна Македонија директно го прекршуваат Договорот од Преспа“ јавува МИА.

„Со оглед на тоа што имаше дел за прашањата за проширувањето, презедов иницијатива и ги информирав моите колега во Европскиот совет за случувањата во Северна Македонија, за фактот што и претседателката и мандатарот за премиер всушност директно го прекршуваат Договорот од Преспа, игнорирајќи го во пракса ерга омнес и избирајќи да користат друго име, а не уставно дефинираното име на земјата, за внатрешна употреба, што е целосно спротивно на духот на Договорот од Преспа“, рече Мицотакис

Дополнително, додаде дека „за оваа непријатна разврска“ ги информирал неговите колеги и уште еднаш посочи дека ЕУ перспективата на земјата поминува преку почитување на меѓународните договори.

„Апсолутно јасно ставив до знаење дека доколку Скопје инсистира на оваа линија, тоа, во суштина ќе го направи исклучително тежок, ако не и во пракса да го поништи, секој процес на брза конвергенција со европското семејство. Така што, мислам дека треба сите да ги разберат последиците од своите постапки и да знаат дека почитувањето на европското законодавство, очигледно поминува преку верното почитување на меѓународните договори што се потпишани, во овој конкретниот случај, од двете страни“, рече Мицотакис.