Месечен хороскоп за септември 2021: Овен

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Хороскопот за септември е тука и ни пристигнува со младата Месечина на 6 септември, која доаѓа во вашата шеста куќа на здравје и продуктивност, помагајќи ви да се посветите на своето тело и на она што ви е потребно за да се чувствувате подобро. Оваа млада Месечина ви носи и фокус на вашите професионални цели и ве мотивира да се фокусирате на сите активности кои ви носат нивно исполнување. Вашата храброст и мотивација ќе бидат ставени на тест околу 14 септември кога Сонцето прави опозиција на Нептун. Тогаш ќе треба да сте фокусирани на вашите дневни рутини и да не дозволите да пропуштите важни детали.

Ова е месец во кој нема да се чувствувате најдобро, а тоа највеќе се должи на вашето расположение и волја, а не на вашето окружување. Универзумот ви порачува да го вклучите својот шарм и да го користите дозирано, во оние моменти кога се договарате и преговарате. Што и да преземете, потрудете се однапред да планирате и да се движите со лесни и бавни чекори. 

Најголем успех ќе доживеете преку вашата силна одлучност и упорност, а ќе ви помогнат и луѓето со слични особини како вас. Вториот дел од месецот ви носи помош од личност на која не сте мислеле дека можете да сметате. Посебно добра финансиска ситуација ве очекува по 22 септември.

Ова е особено добар период за Овните кои се занимаваат со недвижности и трговија. 

Љубов

Вашиот љубовен живот станува посериозен околу 10 септември, кога Венера влегува во вашата интимна и трансформација осма куќа давајќи ви храброст да го вложите своето срце во она што ви овозможува да бидете свои. На 20 септември околу полната Месечина важно е да се ослободите од сите оние нешта и навики кои заземаат многу голем дел од вашата потсвест. Ослободете се од минатото и пресечете ги сите врски. Вие заслужувате да се чувствувате слободно, без товарот кој ви лежи на вашето срце. Ретроградниот Меркур на 27 септември го завршува месецот на чуден начин- можно е враќање на личност од минатото или пак проблеми во врската. Но, верувајте во себе и во она што го имате или посакувате до себе и тогаш сè е возможно.

Ако не сте во врска, важно е да се ослободите од оние луѓе кои не ви носат ништо добро и кои не го вадат најдоброто од вас. Дозволете си да бидете поблиску до оние кои ве исполнуваат и ви носат насмевка на лицето. Со почетокот на сезоната на Вагите можно е да се поврзете со интересна личност за која никогаш не би покажале интерес претходно. 

Доколку сте во врска, со влегувањето на Марс во вашата седма куќа на партнерства, ќе чувствувате посилна страст во врската. Но, ако врската не е стабилна и постојат проблеми кои ги туркате под тепих, многу лесно е таквата страст да се претвори во конфликт. Сезоната на Вагите, на 23 септември почнува со важна реализација за вашата врска. Некои Овни ќе сфатат дека посакуваат поинаков партнер и поразличен однос. 

Во текот на септември, најголем проблем ќе ви биде вашиот темперамент, но и склоноста да влегувате во конфликти пред да размислите подобро. Нема да можете да ги скриете чувствата кои ви се напишани на лицето, но ќе морате да ги одмерите зборовите пред да направите било што. Пробајте да не ја обвинувате саканата личност додека немате докази или пак сериозни увиди дека згрешила нешто. 

Здравје

Обрнете внимание на грлото.