Месечен хороскоп за октомври 2020: Риби

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Октомври е месец на зголемена продуктивност, како и собирање на плодовите од вашите претходни напори и вложувања. Можеби ќе добиете понуда која одамна сте ја посакувале, па бидете внимателни како ќе се поставите во однос на тоа. Инспирирани сте и полни со идеи, ако почувствувате пад на самодовербата, потрудете се брзо да го смените тоа.

Љубов

Ако сте во врска: Чувствувате потреба да преземете иницијатива во врската, но на начин кој е ненаметлив за саканата личност. Пробајте да ја канализирате агресивната енергија и да бидете фини кон саканата личност. Партнерот веројатно разбира како се чувствувате, но ќе треба да бидете вешти во комуникацијата. 

Ако сте слободни: Слободните Риби  чувствуваат занес кон некоја личност, кој брзо ќе пројде. И да се разочарате, не дозволувајте тоа да влијае на вашата реалност и сегашност. Не се провоцирајте од туѓото однесување, направете го тоа што е најдобро за вас.

Здравје

Можни се главоболки.