Месечен хороскоп за април 2023: Риби

Април ви носи поголеми одговорности, но и големи промени. 

Работа

Ова е напорен период за вас бидејќи ве чека многу работа, а ќе биде присутна и нервозата во односите со вашите соработници. Вашиот авторитет им пречи на другите, но не треба да се осврнувате на нивните критики. Можни се мали конфликти со Вагите или Водолиите.

Ако барате нова работа, немојте да носите брзи одлуки. Шкорпиите би можеле да ви бидат голема поддршка во овој пероцес. 

Априлскиот хороскоп ви носи потреба да се поврзете со своите сакани, но и голем фокус на исполнување на вашите цели. На вас останува да го најдете балансот меѓу работата и личниот живот.

На почетокот на месецот, сериозниот Сатурн  и сонливиот Нептун продолжуваат да се движат низ вашата прва куќа на идентитет што ќе ве направи личности со отворен ум, со кои лесно се соработува и кои имаат безброј идеи. На 1 април, Марс се здружува со Сатурн и ја зголемува вашата амбиција и способност да ја завршите секоја задача, без оглед на тоа колку е тешка. Подготвени сте за резултати.

На 3 април, Меркур влегува во Бик во вашата трета куќа на комуникација, а за вас носи важни вести на ова поле. Задржете ја самодовербата. 

На 7 април, Венера се здружува со вашата планета Нептун и ја буди вашата сензуална страна. Ќе бидете во мирно расположение, но и со желба да се посветите на малите задоволства во животот. За некои родени во овој знак, ова е време кога ќе им биде најубаво во прегратките на саканата личност. Но, бидете внимателни околу 14 април кога Венера во друштво на Сатурн би можела да направи да се чувствувате осамено. Ќе се чувствувате како да не сте доволно сакани и ценети и ќе бидете критички настроени кон себе, но треба да знаете дека не мора да значи дека е точно сè што ќе помислите овој период. Запаметете дека ова е период кој ќе помине, а мислите се само мисли. Тие не се реалност.

Љубов

Рибите кои се во врска би можеле да се соочат со недостаток на поддршка и разбирање од саканата личност. Тоа особено ќе биде изразено ако имате амбициозна личност покрај себе која мисли дека секогаш е во право.

Слободните Риби би можеле да очекуваат убава средба со личност која се занимава со спорт или уметност, но која можеби нема да биде слободна во моментот кога ќе ја запознаат. Во вашиот живот постојат големи шанси да влезе една страствена Шкорпија која ќе ви го смени секојдневието во целост. За некои Риби постои можност едно долгогодишно пријателство да премине во љубов.

На 6 април, полната Месечина во Вага е во вашата осма куќа на сексот и трансформацијата, што ќе ве насочи кон убави мигови со една посебна личност во вашиот живот, без оглед на вашиот љубовен статус. На 10 април, Венера влегува во Близнаци во вашата четврта куќа на домот и семејството, а ова е транзит кој може да ви донесе средба со вашата сродна душа, преку член од семејството. 

Околу соларната еклипса на 19 април ќе имате потреба да избегате од другите луѓе и да бидете сами. Бидете внимателни во разговорите кои би можеле да ги имале во деновите пред и по соларната еклипса бидејќи тие можат да донесат нервоза и конфликти, но и да извадат на површина проблеми од минатото за кои можеби не сте подготвени да разговарате. 

На 21 април започнува сезоната на Биковите која ја намалува драмата во вашиот живот и ви носи еден полесен период, исполнет со романса и убави емоции. Уживајте во мирните мигови додека трае овој транзит. 

Здравје 

Посветете се на подобрување на имунитетот.