Малолетен велосипедист прегазен од „хјундаи“ во скопско

Вчера во 14:00 часот било пријавено дека во село Мршевци, скопско, патничко  возило „хјундаи“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К. од Скопје, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Мршевци. 

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.