Тешко повредени мотоциклист и неговиот сопатник во скопско

Млад мотоциклист и неговиот сопатник се тешко повредени, а настрадало уште едно лице во сообраќајка во скопско. 

На 29.07.2022 околу 19.15 часот во Скопје на ул.„Јустинијан Први“, на влез во с.Студеничани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Н.(26) с.Гумалево, скопско и мотокултиватор „ИМТ 509“, без регистарски ознаки, управуван од Е.Р.(49) од с.Студеничани.

Во несреќата, Д.Н. и неговиот сопатник Ф.Ќ.(24) од с.Гумалево се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека Е.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, соопшти полицијата.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.