Македонското знаме гордо се вее во Олимпиското село во Рио

Македонска олимписка експедиција која брои 14 члена e во Рио каде в петок со церемонијата на свеченото отворање ќе започне Летната Олимпијада.

Подобрување на личните и државните рекорди е целта на пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев.

Делегацијата ја дополнуваат нивните тренери, Владимир Богоевски (спортски директор на МОК) и докторот Зоран Ханџиски. Во Бразил ќе патуваат и првиот човек на МОК и генералниот секретар Васил Тупурковски и Сашо Поповски на покана на Интернационалниот олимписки комитет.