Дејан Георгиевски освои сребро на Олимпијадата во Токио

Дејан Георгиевски ѝ донесе на Македонија олимписко сребро, откако го изгуби дуелот против Владимир Ларин од Русија.

Уште во претходниот дуел беше јасно дека Георгиевски ќе освои медал на Олимпијадата во Токио, во категоријата таеквондо до 80 килограми. 

Македонскиот таеквондист изгуби со 15-9. Русинот Ларин важеше за фаворит во оваа категорија. 

Георгиевски има само 22 години, а неговата блескава спортска кариера штотуку започна да се одвива по нагорна линија.