Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ освои сребро

Македонската таеквондистка Милијана Рељиќ имаше добар настап во Талин на Г1-турнирот од светската класа и освои нови бодови во битката за обезбедување олимписка норма за Олимписките игри во Париз.

Рељиќ запиша три победи и еден пораз, а со тоа го освои сребрениот медал на турнирот во Талин.

Таеквондистката славеше против Вилхемила Хаинонен, Лаура Гебер и Каролине Гјелсвик, но загуби во финалето од Каролине Сантос.