Утре во Скопје ќе се одржи 8.Меѓународен турнир во олимписко теквондо „Скопје опен 2022“

Утре во Скопје, во салата „Јане Сандански“, ќе се одржи традиционалниот 8.Меѓународен турнир во олимписко теквондо „Скопје опен 2022“.

На турнирот се очекува да настапат околу 500 натпреварувачи од над 50 клубови од 10 држави, како Србија, Бугарија, Косово, Грција, Албанија и други.

Турнирот го организираат ТК Бутел и Македонската таеквондо федерација.

Натпреваите ќе се одржат во Спортскиот центар „Јане Сандански“ и се очекува да настапат сите наши репрезентативци, со исклучот на олимпискиот вицешамион Дејан Георгиевски.