Македонија против Луксембург ги почнува квалификациите за Евробаскет 2017

Кошаркарската репрезентација на Македонија, вечерва во Кавадарци против Луксембург ги стартува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година.

„Црвено-жолтите“ со новиот селектор Драган Раца се апсолутни фаворити на вечерашниот дуел во салата „Јасмин“ со почеток во 20 часот и 30 минути.

Покрај Македонија и Луксембург во групата се и селекциите на Унгарија и Велика Британија.

Распоред на другите натпреварите на македонската репрезентација:

3 септември Велика Британија – Македонија,
7 септември Македонија – Унгарија,
10 септември Луксембург – Македонија,
14 септември Македонија – Велика Британија и 
17 септември Унгарија – Македонија.