Македонија ја започнува 2017-та како 162-ра на ФИФА ранг-листата

Фудбалската селекција на Македонија ќе ја започне годината рангирана како 162-ра од 205 репрезентации на ФИФА ранг-листата.

Може да се каже, очајна позиција на нашите претставници, во друштво со Малезија, Молдавија, Косово и Белизе, сместени во долниот дел од табелата на Светската фудбалска организација. Обновување на ранг-листата ФИФА, прави секој месец, но нашата репрезентација поради недостатокот од активности веќе некое време мирува на слабата 162-ра позиција. Лошите игри, како и необезбедувањето пласман на ниту едно поголемо натпреварување, очекувано резултираат со лошиот пласман. 

Што се однесува до земјите од регионот, најдобро котира Хрватска, која е на 14-тото место, Босна и Херцеговина е на 27-мото, додека Србија е на 45-тото место. Албанија забележа пад од 2 места па сега е на 51-вата позиција. 

Меѓу најдобрите 5 репрезентации доминираат оние од Јужна Америка, Аргентина е прва, а веднаш зад неа е Бразил, додека Чиле е четврти. Останатите две позиции, односно третата и припадна на Германија, додека Белгија е петта. 

Убедливо најлошо рангирани се земји во кои спортот дефинитивно не е приоритетен проблем за решавање, а тоа се Тонга, Сомалија, Еритреја и Џибути, како и полу-професионалната репрезентација на Гибралтар.