Македонија без промени на новата ФИФА ранг-листа

Според најновото рангирање за месец мај, фудбалската репрезентација на Македонија остана на 133. место на ранкинг листата на ФИФА.

Така, момците на Ангеловски остануваат на скокот од минатиот месец, благодарение на победите над Лихтенштајн и Белорусија.

Шпанија и натаму најдобро котира од ривалите во нашата група и остана на десеттата позиција, Италија е 12. како и во април, Израел на 63. место, Албанија на 66. место, а Лихтенштајн и натаму е закован за дното на 189. место.

Бразил, Аргентина и Германија остануваат водечки на листата, а Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија ја комплетираат ТОП 10 листата.

До крајот на овој месец нашата најдобра репрезентација нема активности, а во јуни следи мечот против Шпанија на „Телеком арената“ во Скопје.