Македонците само 12 години уживаат во пензионерскте денови – ќе се намали ли дополнително овој период?

Македонците во просек користат пензија 12 години. Овој податок ја става Македонија во групата земји каде најкратко се уживаат бенефиттите од долгогодишната работа. Просечната возраст за одење во пензија кај нас е 63 години, а просечниот животен век 75 години.

Од сите земји во Европа само во Романија, Летонија, Литванија и Бугарија пократко се ужива во пензионерските денови, покажуваат европските статистички податоци.

Дали користењето на пензијата ќе стане уште пократко? Домашните експерти сметаат дека границата треба постепено да се зголеми за дополнителни две години. Светска банка и ММФ препорачуваат исто така зголемување на старосната граница за пензионирање. Целта на сите е иста, да се намали дупката во фондот за пензиско.

Владата пак прави своја анализа за тоа како да се спаси ПИОМ. Таа треба да биде готова наредниот месец и засега не се откриваат детали за тоа дали Македонците подоцна ќе одат во пензија па Макеоднците уште помалку ќе ги користат парите што ги плаќале за придонеси.