Трендовите во светот постојано се менуваат, без разлика од која област доаѓаат, но некои трендови започнуваат да ги надминуваат границите на нормалата.

Најновиот тренд во светот на венчавките е замената на бурмите со пирсинг. Овој бренд полека започна да се применува и во Македонија, па така многу нови брачни парови се одлучуваат на вакво нешто, наместо обична класична бурма.

Секоја личност на различен начин ги покажува своите обврзувања кон партнерот, па додека некои од нив сакаат да купуваат дијаманти или злато, другите се одлучуваат на пирсинг на прстот.

Иако можеби сте мислеле дека коските се последниот дел од телото на кој би ставиле “обетка”, пирсингот или бушењето на долниот дел од прстот е најновиот тренд.

Секако, мислењата на луѓето се поделени. Едни се воодушевени со овој тренд, бидејќи е сосема нов и поразличен, а други велат дека ова е најужасната работа која некој може да ја направи.

“Ова е одвратно. Пирсинг на прстот само чека на инфекција, да се закачи на нешто, но тоа е нивен проблем”, гласеше еден од коментарите.