Листа со нови имиња: Институциите во Македонија добија нови називи

Некои со додавка „северна”, а некои со „национална”. Ваква ќе биде промената на имињата на вкупно 136-те институции, државни, јавни и оние финансирани од Буџетот, согласно Преспанскиот договор и направените уставни измени.

Одлуката за преименување на институциите официјално е донесена вчера на редовната 124. владина седница.

Вчера усвоената владина одлука за имињата на институциите е по предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Согласно Одлуката, институциите ќе треба да направат промени на јавните табли на своите влезови во однос на името на државата, согласно амандманите 33, 34, 35 и 36 од Уставот, Уставниот закон за спроведување на амандманите и Законот за употреба на јазиците. Ќе треба и да проверат дали се променети сите нивни дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-странци, медиуми,…), како и меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120. седница, и во рок од седум дена до Меѓуресорска работна група да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.

Целата листа на имиња може да ја погледнете ОВДЕ.