Кој ги менува имињата на фреските во Св.Јоаким Осоговски?

Ликовите останаа исти, но се променија имињата на светците во манастирот Јоаким Осоговски. Фреските на Цар Урош, Цар Лазар, Крал Милутин и Стефан Дечански биле прекрстени во Цар Владимир Киејевски, Јован Милостив, Цар Константин Велики и Свети Никифор.

Промената на имињата на фреските ги забележале од културно-информативниот центар на Србите во Македонија кога минатиот месец организирале екскурзија во манастирот. Веднаш реагирале до Министерството за култура, Владата и претседателот за фреските да се вратат во првобитната состојба.

-Какви било вакви пиши-бриши системи се несериозни. Во 21 век киога сакаме да бидеме сериозна држава и со почитување на, пред се, нашите закони донесени од нашата држава мораме тоа да го почитуваме. Затоа официјално се обративме до официјалните институции. Се уште немаме добиено никаков одговор од официјалната институција, односно Министерството за здравство и сметаме враќањето во првобитната состојба мора да биде одработено исклучително од стручни лица, вели Милош Стојковиќ од СПОНА.

Ниту Сител не доби одговор од Министерството за култура. Министерката Стефоска не одговори ниту на повиците, ниту на пораките.

Фреските се поправени, но останува мистерија кој и зошто ги сменил имињата на светците во манастирот.

Митрополитот Кумановско-осоговски, Григориј во изјава за Религија.мк потврдува дека е направен фалсификат и оти Епархијата ова го забележала уште пред да реагира српската заедница. Но и тој не знае кој ги направил промените и кои се мотивите.

-– Уште пред да се појави информацијата во медиумите, разбравме дека е интервенирано на дел од фреските, но за жал не знаеме кога е тоа направено. Побаравме новите натписи да се отстранат зашто е недозволиво да се менуваат историските факти и вистини на нашите простори. Така што фреските од пред извесно време се вратени во оригиналната состојба. Меѓу другото, за во иднина да не ни се случуваат вакви работи, донесовме Одлука за сите интевенции, стручна работа или било какви други работи во црквите и манастирите да се добива дозвола од страна на МПЦ и да се контролира што се работи во истите, вели Митрополитот Григориј во изјава за „Религија.мк“.

Фреските чии светци добија нови имиња се насликани во 32 и 33 година од минатиот век.