Британските туристи се мачат со имињата на Птуј и Скопје

Неодамнешно истражување покажа дека името на словенечкото гратче Птуј е најтешко за изговор за британските туристи, односно 92 отсто од нив не можат правилно да го изговорат. Повеќето од испитаниците го кажувале како „Пут-ој“ .

Истражувањето спроведено од агенцијата Bolsover Cruise Club покажа дека Британците се мачат и со изговор на португалскиот Гимараеш (88%), Риека (84%), Скопје (80%) и Оахака во Мексико (76%).

Резултатите од студијата покажале дека туристите имаат проблем со изговорот на грчки називи и дека грчкиот јазик е најтежок за оние кои доаѓаат од англиско говорно подрачје, а потоа следат словенските јазици, како и шведски и дански. Предизвикувачки јазици за странците се и словенечки, македонски и унгарски, поради големата разлика во граматиката и вокабуларот.