Листа на пијалoци – најголеми непријатели за вишок килограми

Постојано се зборува за прехрамбените производи кои дебелат, а често се заборава на напитоците кои секојдневно ги консумираме. Познато е дека мора да консумираме онолку количество калории колку што може да согориме, но најчесто не сме свесни колку калории внесуваме преку пијалoците…

Обичната вода е најдобријот пијалак за слабеење и општо, за здравјето. Газираните сокови, водата со вкус, енергетските пијалаци, но и здравите шејкови често содржат скриени шеќери и многу калории.

Ви ја претставуваме листата со пијалаци кои треба да ги избегнувате доколку сакате да имате витка линија:

1. Џус – Купените сокови се богати со шеќери бидејќи содржат вештачки засладувачи и конзерванси. Доколку сакате да пиете џус, купувајте го само оној кој содржи 100% овошје.

2. Лимонада – Исто како и џусот, купената лимонада содржи засладувачи, конзерванси и вештачки бои. Подобро, сами направете си лимонада, а како засладувач користете мед.

3. Вода „со вкус“ – Оние кои не можат да пијат обична вода имаат голем избор на води збогатени со разни вкусови. Иако овој„ вид“ на вода содржи и витамини, сепак содржи и вештачки засладувачи.

4. Газиран сок – Газираните сокови се директно поврзани со настанокот на дебелината и поради тоа многумина посегнуваат по диетални варијанти. Диеталните сокови не содржат калории, но немаат апсолутно никаква нутритивна вредност. Ако по цели денови пиете само диетални сокови наместо вода или чај, ќе направите голема штета за Вашето здравје. Според Американското здружение за дијабетес, редовната консумација на диетални сокови може да доведе до настанок на дијабетес од тип 2.

5. Коктел – Алкохолот содржи многу калории, меѓутоа за коктелите никогаш не можете да бидете сигурни што содржат. „ Пињаколада “ може да содржи и до 700 калории, а „ маргарита“ 800 калории, што е осум пати повеќе од чаша рум. Наместо коктел, одлучете се за чаша црвено вино, која содржи само 85 калории, а помага и во слабеењето.

6. Овошен шејк – Овошјето е здраво, а шејкот е идеален појадок или меѓуоброк. Но, поради големиот внес на шеќер, може да содржи и до 700 калории. Еден шејк може да содржи исто количество калории како и порција ананас, манго или шолја јагоди и боровници, заедно…

7. Енергетски напитоци – Многу спортски и енергетски напитоци содржат мешавина од природни и вештачки засладувачи, односно бројни адитиви. Енергетските пијалаци содржат премногу кофеин и шеќер и овозможуваат само краток пораст на енергија.

8. Жесток алкохол – Редовната консумација на повеќе од две чаши алкохол го зголемува ризикот од дебелина и други заболувања, како што е ризикот од рак.

9. Напитоци со кафе – Обичното црно кафе содржи малку калории, но засладените напитоци од кафе со „ сладок врв “ – шлаг, карамела и чоколадо, може да содржат 500 – 800 калории. Овие напитоци содржат многу повеќе шеќери отколку кофеинот.

10. Засладен чај –  Чајот содржи антиоксиданси, но големиот внес на шеќер може да  предизвика пораст на шеќер во крвта и да доведе до дебелење. Подобро одлучете се за природен овошен чај, како на пример, зелен чај со вкус на манго.