Левица: Почна изградбата на 17-катницата во непосредна близина на болницата “8-ми Септември“

На својата Фејсбук страница Левица објави дека почната е изградбата на 17-катницата што треба да се гради веднаш до просторот на бензинската пумпа на Макпетрол. Според нив овој објект има невалидно позитивно конзерваторско одобрение за градба, откако првото беше одбиено бидејќи оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик, поранешна “Воена болница“.

- “Дополнително е спорна е и малата оддалеченост од бензинска станица, како и целото решение кое ќе доведе до урбанистички хаос во овој дел на населбата. Советот на Општина Карпош изгласа одлука за стопирање и ревизија на овој план, но градежните моќници останаа глуви на сите повици на Левица, граѓанските здруженија и жителите на Карпош, за прекин на изградбата. Градоначалникот Јакимовски, ја занемари вољата на Советот и дозволи парцелизација на земјиштето, со што ја отвори можноста за реализација на планот“ се вели во соопштението на Левица.