Левица: Го повикуваме Јакимовски да го поништи решението за градба на 17-катницата

Политичката партија „Левица“ го повикаа градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски да ги почитува законите и да го поништи решението за градба на 17-катницата кај Болничкиот комплекс „Воена болница“.

Од таму додаваат дека Левица повеќе пати укажуваат на на штетноста од градбата на повеќекатницата на истата локација, а воедно против оваа изградба се и граѓаните кои јавно го искажаа незадоволството од своеволието на градоначалникот и инвеститорите .

„Од пред неколку дена е правосилно Решението со кое се поништува незаконски позитивното конзерваторско мислење, кое се обидоа да го издејствуваат инвеститорите, а истото, по наши сознанија, е пристигнато во Општината на 21.3.2024 година, по што градоначалникот треба веднаш во законски рок да постапи по истато. За жал, Решението за градба уште не е поништено. Од општинската администрација не даваат одговори по однос на прашањето по Решението со кое се одбива жалбата на инвеститорите, но успеавме да го добиеме, бидеј​​​ќи е информација од јавен карактер“, се вели во нивното соопштение