Куче скитник каснало дете во Скопје

Вчера, во Скопје од куче скитник бил каснат малолетник. 

Случајот бил пријавен во полиција од страна на таткото на детето, а настанот се случил на ул.„Лука Геров“. 

Ова не е прв ваков случај месецов, напротив според извештаите на МВР речиси секој ден има барем по еден пријавен случај дека кучиња скитници нападнале или каснале човек.

Од полицијата нема информации дали и какви мерки се преземаат за решавање на овој проблем.