Малолетник и маж од Скопје каснати од кучиња скитници

На 06.04.2019 година во 13:15 во Полициската станица Центар Е.В.(45) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ нејзиниот 16 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

На 06.04.2019 година во 14:00 часот во Полициската станица Центар Г.П.(59) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 12:00 часот на улицата “Кеј 13-ти Ноември“ бил каснат од куче скитник во пределот на нозете.