Костовски: Целосно е завршено новото општинско училиште во Визбегово

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски објави дека целосно е завршено новото општинско училиште во Визбегово и отклонети се сите недостатоци.

- “Општинските служби работат на комплетирање на целокупната документација за формално правно да отпочне со фукнционирање училиштето. Реализиран еден од носечките предизборни проекти  Наскоро ќе бидат запишани и првите ученици“ се вели во објавата на Костовски.