Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром Бојан Трајковски е најдобар скокач во првото коло од регионалната АБА лига

Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром Бојан Трајковски е најдобар скокач во првото коло од регионалната АБА лига. Со вкупно 14 скока, од кои 13 дефанзивни и еден во нападот Трајковски беше меѓу најзаслужните за победата на МЗТ Скопје Аеродром над Партизан (92:89).

И капитенот на „штрковите“ Дамјан Стојановски се најде меѓу најкорисните играчи во првата рунда. Тој со 25 поени е втор стрелец зад Вашингтон од Игокеа со 35 поени, а исто така е на втората позиција и по индексот на корисност – 30 по Лука Жориќ од Цибона со 34 индексни поени.

Македонскиот шампион по одличниот старт и триумфот над Партизан во петокот во Скопје, денес од 18 часот го очекува гостувањето во Белград против ФМП.

nike air max 1 sale